Душеци

Технологија на здрав сон

Зошто NEW AGE душеците се најдобар избор за болки во грбот?

Креветот и душекот не се само место каде треба да ја поминете ноќта, туку место каде вашето тело треба да се одмори, регенерира и спреми за новите предизвици.

Веќе одамна е разбиен митот дека душекот треба да е мек или тврд за да биде квалитетен.

Истражувањата покажуваат дека иделаниот душек мора да ја следи природната линија на телото која значително се разликува од една до друга индивидуа.

Нашето тело треба да наоѓа целосна потпора на површината на која лежи, за да има рамномерно распределување на тежината и напнатоста.

Ова овозможува:
a) ‘рбетниот столб да остане во правилна природна позиција, а зглобовите да се опуштени (ортопедски).
б) целосно опуштање на мускулатурата и правилна циркулација (анатомски).
в) оптимална психолошка и емоционална удобност (психо-физиологија / ергономија)

Токму овие карактеристики се споени во најсовремената технологија на изработка на сите NEW AGE душеци.

… бидејќи здравјето нема цена!

Вечната дилема: ТВРД или МЕК ДУШЕК

При изборот на најдобар душек за болки во грбот, повеќето луѓе ја изедначуваат цврстината со поддршката, а сметаат дека мекоста претставува удобност. Сепак, најдобриот метод за оценување на душекот е да се испита начинот на кој душекот го поддржува рбетот. Максимална удобност и здравје, може да се постигне само ако вашите мускули може целосно да се опуштат и доколку рбетот е соодветно поддржан.

Tврд

Студиите покажуваат дека ако душекот е премногу тврд, тогаш тој му наложува на вашето тело да се адаптира и искриви во однос на тврдата подлога. Со NEW AGE душеците е сосема спротивно – тие усогласуваат и приспособуваат на вашите телеси карактеристики.

Мек

Кога душекот е премногу мек, без соодветна ортопедска поддршка, вашето тело потонува во неправилна положба, предизвикувајќи вашиот ‘рбет да се искриви, а болките се неминовни

NEWAGE душеците

Се приспособуваат на контурите на вашето тело, поддржувајќи ја рамномерно целата должина на вашиот рбет, за да може да се одмора во најприродната, најздрава можна положба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *