Докажано најдобриот систем кој ви гарантира здрава, чиста и жива вода
за пиење во вашиот дом.
Се состои од 5 филтри низ кој водата поминува пред да истече од славината.
Првиот филтер е седимент од 20 микрони, што отстранува се што е видливо со голо око, односно камен, песок, нечистотии и рѓа.
Вториот филтер се состои од активен јаглен со сребрени катјони, кои прочистуваат хлор, флуор и мирис.
Третиот филтер е седимент од 5 микрони, кој ги задржува сите потешки метали, како железо, азбест, олово и бакар.
Постојат метали како арсен и жива кои можат да поминат преку првите три филтри.
Затоа како четврт доаѓа филтерот на Реверзна Осмоза со седимент од 0.0001 микрон, односно 10 пати помали од човековото влакно, кој што одстранува вируси, бактерии, хемикалии и соли кои ги има во самата вода.
Од четвртиот филтер само прочистената вода се складира во резервоар со капацитет на филтрирање до 90 литри во текот на 24 часа.
Чистите молекули на вода од резервоарот поминуваат низ петтиот филтер кој се нарекува минерализатор, кој што ја збогатува водата со потребната количина на минерали потребни за нашиот организам.
Крајниот резултат е што низ вашата славина ќе истекува чиста, здрава, жива и скапоцена вода за пиење, која го подобрува функционирањето на организмот со што не прави поздрави и повитални.