Зошто да спиете на волна?
Таа овозможува да постигнете повиско ниво на удобност, здравје и луксузно опкружување во текот на спиењето отколку со било која друга ткаенина или материјал кој го создал човекот.
Повеќенаменската корист од мерино волната прави значајна разлика во квалитетот на спиењето кој резултира на Вашето вкупно подобрување на здравствената положба и за општо подобра состојба.
100% природна
Се повеќето од нас започнуваат да разбираат дека природните ткаенини и материјали се најдобри за нас, а неможе да се најде ништо по природно од волна. Ако ја издвоиме користа и квалитетот (долготрајноста на материјалот, био-разградивоста, не се штетни по околината и животните), нашата корист, индивидуално може да биде многу драматична.
Овозможува многу поздрави услови за спиење
Спиењето во суви и контролирани услови ја смалува неудобноста и немирот, што доведува до смалување на бројот на отчукувања на срцето. Влажната клима условува појава на ревматски заболувања, артритис, болка во грбот и зглобовите. За многу, идеални услови за спиење кои ги обезбедува волната, овозможува повеќе добродојдени олеснувања и смалувања на болките и неудобноста предизвикана од состојбата на својата болест.
Намалува и ограничува влажност и потење
Единствена структура на секоја волна не овозможува да впива и ослободува влага, создавајки на тој начин суво и здраво окружување. Влакната од природната волна, всушност се толку ефикасни да можат да впијат влага и до една третина од својата тежина, а да и понатака биде сува на допир.
Потполно сруење на воздух
Влакната од природна волна “дишат” прилагодувајќи се на телесната температура кај секој индивидуално. Оваа особина на волната е идеална за парови кај кои секој има потреба од различно ниво на тополина. Кога на овој начин сме го постигнале смалувањето на подгревањето, немирните ноќи за Вас може да станат минато, заменети со длабоки и комфортни доживеани спиења.
Врвен комфорт
Ако од една страна ги поставите сите научни причини поради кои треба да одберете постелнина од волна, комфортот е исто така битна причина. Спиењето на удобна и раскошна волнена подлога, вметната во луксузен волнен прекривач, овозмужува за вас поголема удобност отколку што сте можеле да замислите.
Никогаш повеќе нема да посакате постелнина од било кој друг материјал и изреката “Ништо не е како спиењето во сопствениот кревет”, добива права смисла. Идеална за користење во секое годишно време
Природна, пропустлива, сува, здрава и удобна средина која волната ја овозможува може да биде на Ваше уживање во текот на целата година, а исто така создава микро-клима која ќе ја одржува идеалната температура за спиење зимо и лете.
ВОЛНАТА како природен материјал е стара скоро колку и самата цивилизација. Природниот флор таканаречена ВОЛНА е рожнато ткиво кое во себе содржи линолин. Ланолин е природна маст која јаштити волната, а на нас луѓето делува позитивно од повеќе причини. Ланолинот е веќе со векови познат во медицината а се користи и за правење различни анти-ревматки креми и креми за нега на кожата. Најважната особина на ланолинот е да делува отпорно на вируси и бактерии, бидејки во себе содржи одредена амино-киселина и не им дозволува опстанок. Така природниот флор односно ВОЛНАТА сама себе се одржува чиста. Природна волна исто така сама ја одбива нечистотијата и прашината. И поради тоа е доволно повремено само да ги проветрите Вашите волнени покривачи (перници и постелнини), уште подобро на магловито и влажно време.
Благодарејќи на постоечкиот ланолин волната одржува температура на телото константно, така Вас ве штити од ладно и регулира прекумерно потење. Мерино волната многу добро впива влага и пот, дури и до третина од својата тежина а да при тоа не се осети влажна.
Поради тоа ВОЛНАТА е позната како прав природен борец против ревматските заболувања.
Доколку се одлучите да го преслечете Вашиот нов прекривач, перница или да ја покриете постелнината, во тој случај тоа обавезно треба да биде од природен материјал: лан, памук, сатен, фротир или пак свила, али во никој случај од синтетички материјали: ПРИРОДНИОТ ФЛОР МОРА ДА ДИШИ.
ОДРЖУВАЊЕ: Вашите скапоцени прекривачи (перници и постелнини) редовно проветрувајте ги а секои 2-3 години едно рачно перење во када е сосема доволно. Користете посебни шампони за волна (со ланолин). Рачно перење на температура до 30 степени. После перењето волната исперете ја во ладна вода. Вашиот прекривач никогаш немојте да го цедите. Пуштете ја водата од кадата сама да истече. Мократа постелнина обавезно прострете ја на некое место заштитено од сонце и оставете ја да се исуши на воздух, а никако на сонце или на некој друг извор на топлина како на пример: греалки, радијатори и сл. (така да постоечкиот линолин да не изгори). Никако немојте да ја перете волнената постелнина во машина за алишта.
Вашиот мерино сет можете да го исчистите на хемиско чистење особено за перење оргинални мерино волнени производи, со назнака “Р” (perchlor- etilen).